Намалени продажните цени на индустриските производи

Од:

Во јули годинава продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски 0,2 проценти на месечно ниво, а за 0,4 проценти на годишно ниво, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во јули во споредба со јуни годинава продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење камен за 2,2 процент,и а се пониски во секторот Преработувачка индустрија за 0,4 проценти и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,3 проценти.

Во јули годинава во споредба со јули минатата година продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 11,4 проценти и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 2,8 проценти, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 0,6 проценти.

Би можело да ве интересира

Работниците од целиот свет ги побараа своите права за Први мај

Американската економија падна за прв пат по три години, Сенатот одби да ги поништи царините на Трамп

Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk

Предраг Петровиќ

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

Силен раст на Волстрит трет ден по ред

Горан Наумовски

Путин: Економската ситуација во светот станува сè покомплицирана