Намалени цените на катастарските услуги

Од:

Стапија на сила новите три тарифници со кои во просек од 20 до 90 проценти се намалуваат цените на услугите што ги нуди Агенцијата за катастар на недвижности.

– Во тарифникот за надоместок за запишување на инфраструктурни објекти цените се намалуваат во просек за 90 проценти. Во тарифникот за запишување на недвижности во Катастарот се намалуваат во просек за 51 процент, а цените во тарифникот за надоместок за користење на податоци од геодетско-катастарскиот информациски систем се намалуваат во просек за 28 проеценти, рече министерот за транспорт и врски Горан Сугарески на денешната прес-конференција.

Тој посочи дека со мерката за намалување на цените на услугите на Катастарот е исполнето ветувањето дадено во владината програма. За наредниот период вети донесување нов закон за геодетска дејност надвор од Законот за катастар на недвижности.

– Овој закон е потребен за да се усогласиме со европската регулатива што се однесува на воспоставување нов геодетски датум и изработка на нова картографска проекција на земјава, рече Сугарески.

Би можело да ве интересира

Прво намалување на цените на становите после четири години раст

Орце Костов

Рибароски: Агенцијата за катастар води хајка против приватните геодетски компании во спрега со судовите

Комора на геодетски друштва: Новиот тарифник е пресметка на директорот со приватните компании

Орце Костов

Поскапе имотниот лист: Катастар ги зголеми цените поради поскапата струја и повисоките плати

Орце Костов

Вработена во Агенцијата за катастар побарала поткуп од 2.000 денари

Горан Наумовски

Митева: Катастарот е уште една институција која СДСМ по само пет години ја донесе на раб на банкрот