Намалена работата на македонските градежници во странство

Од:

Во периодот јануари-септември годинава вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 2.669.372.000 денари што е за 27,2 процента помалку во споредба со истиот период од минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во првите девет месеци од годинава, македонската градежна оператива во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 1.955.970.000 денари, што е за 8,4 проценти помалку во споредба со периодот јануари-септември 2015 година.

Во истиот период е забележан зголемен обем на извршените градежни работи во Словенија, Босна и Херцеговина и Германија, додека на другите пазари е регистриран намален обем.

Би можело да ве интересира

Во февруари издадени 352 одобренија за градба

Ана Ололовска

СГИП и Здружение на градежништво: Скоро две милјарди евра ќе се одлеат на странски компании, домашниот сектор е пред затворање

Бочварски – Трајковски: Градиме преку 850 социјални станови низ државата

А1он

Бочварски: Браната Отиња се гради според предвиденото темпо

Ана Ололовска

Градежништвото чека антикризни мерки, недвижностите атрактивни и во ковид пандемија

Ана Ололовска

Градежниците бараат намалување на ДДВ од 18 на 5 отсто за увоз на поскапените градежни материјали

А1он