Намален е буџетскиот дефицит во еврозоната благодарение на штедењето

Од:

Штедењето, кое како лек им е препашано на бројни европски земји, роди со плод барем кога станува збор за намалувањето на должничкиот товар, покажаа денеска официјалните податоци во Брисел.

Вкупниот јавен дефицит во 17 земји кои како валута го користат еврото минатата година е намален на 353 милијарди евра, во однос на 391 во 2011 година, соопшти Европскиот завод за статистика, а пренесуваат американските медиуми.

Како резултат на тоа, буџетскиот дефицит во цела еврозона стигна до 3,7 отсто од бруто домашниот производ во однос на 4,2 отсто од претходната година.

Иако мерките за штедење и растот придонесуваат за намалување на дефицитот, должничкиот товар во еврознаата е зголемен бидејќи економскиот раст е во мирување. Вкупниот јавен долг во европската монетарна унија во 2012 година изнесуваше 90,6 отсто од годишниот БДП, во однос на 87,3 отсто во 2011 година.

Би можело да ве интересира

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија