Намален бројот на работници во индустријата, најмногу кадар се бара во услужните дејности

Од:

Бројот на работниците во индустријата во јули годинава е намален за 3.8% во однос на јули 2024 година, соопшти Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јули 2025 година, во однос на јули 2024, се намалил за 2.4 %, во секторот Преработувачка индустрија за 4.0 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.5 %.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јули 2025 година, во однос на јули 2024 година, се намалил во групите Енергија за 1.9 %, Капитални производи за 8.8 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3.8 %, а се зголемил во групите Трајни производи за широка потрошувачка за 9.6 % и Интермедијарни производи, освен енергија за 0.3 %.

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – јули 2025 година, во однос на периодот јануари – јули 2024 година, се намалил за 4.0 %.

Стапката на слободни работни места во второто тримесечје од 2025 година изнесува 2.08 %, а најмногу работници биле барани во услужните дејности и продажбата, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Југоисточниот регион има највисока стапка на слободни работни места од 2.54 %.

Највисока стапка на слободни работни места од 3.77 % има секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, додека најмала е стапката во секторот Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување, во кој изнесува 0.36 %.

Деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49 лица имаат највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 2.69 %.

Би можело да ве интересира

Извозот зголемен за 1,8 отсто, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија

Просечната нето-плата во мај 45. 796 денари

Раст на трошоците за живот, цените и инфлацијата

Просечната нето-плата во февруари 43.053 денари

Во јануари 69,7 отсто од потрошената струја од домашно производство

Конечно се враќа довербата во бизнис заедницата, имаме стабилна Влада, вели Мицкоски