Налес: Во интерес на сите е Турција да остане економски стабилна

Од:

Лидерката на германската Социјалдемократска партија, Андреа Налес, навести дека Берлин може да размисли за давање на помош на Турција за актуелната економска криза во земјата.

– Може да дојде до ситуација во која ќе биде нужно Германија да и помогне на Турција, независно од политичките тензии со претседателот Реџеп Тајип Ердоган, изјави Налес.

Таа посочи дека Турција е членка на НАТО и дека тоа не може да се игнорира.

– Во интерес на сите е Турција да остане економски стабилна, истакна Налес.

Од почетокот на годината, турската лира опадна за повеќе од 35 отсто во однос на американскиот долар.

Корпоративниот долг, инфлацијата и влошените односи со САД само придонесоа за проблемите на Турција.

Би можело да ве интересира

Турција се приклучи на „коалицијата на спремните“, подготвена е да го надгледува мирот

ВИДЕО: На Мерц му фалеа шест гласа, не стана германски канцелар

Катерина Ѓуровски

Ердоган: Ја потврдувам непоколебливата поддршка на Турција за кипарските Турци

Австрија се спротивставува на Германија: Нема да примаме нелегални мигранти

Турската полиција денеска уапси најмалку 250 граѓани кои протестираа во Истанбул

28 патници се повредени при превртување на автобус во Турција