Најбогатите Германци се сопственици на супермаркети

Од:

Германските богаташи се побогати од кога било, а на врвот на листата на најимотни се основачот на синџирот супермаркети Алди, објави германскиот магазин Менаџер кој состави листа од 500 најбогати Германци.

– Никогаш претходно богаташите не биле толку богати отколку денес, никогаш претходно немало толку милијардери – дури 135 што е рекорд, наведува магазинот.

Заедничкото богатство на 100-те најимотни германски ммилијардери е зголемено за 5,2 отсто во однос на претходната година – на 336,6 милијарди евра. Претходниот рекорд беше 324,6 милијарди евра во 2008 година пред почетокот на светската економска криза.

Еден од основачите на Алди, Карл Албрехт (93) е „тежок“ 17,8 милијарди евра и најдолго е на листата на богаташи во светот. На листата на Форбс се наоѓа на 18-то место.

На второто место е семејството на Тео Албрехт јуниор и неговиот покоен брат Бертхолд, соосновачи на Алди Норд.

На трето место со 13 милијарди евра е Дитер Шварц, сопственик на ривалските Лидл и Кауфланд. На листата е и основачот на софтверскиот гигант САП, Хасо Платнер со 6,2 милијарди евра, претседателот на компанија за производство на играчки Плејмобил, Хорст Брандштетер со 1,35 милијарди и поранешниот шампион во Формула 1, Михаел Шумахер со 650 милиони евра. Менаџер ја прави листата врз основа на проценки на вредност на капитал, акции и имот во сопствеништво на боогаташот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: На Мерц му фалеа шест гласа, не стана германски канцелар

Катерина Ѓуровски

Австрија се спротивставува на Германија: Нема да примаме нелегални мигранти

Лоши вести од Германија: Економија не успева да излезе од кризата

Захарова ја обвини Германија за русофобија

Германија e погодена од неверојатни поскапувања

Германските власти нудат парична награда за информации за трикратниот убиец од Кобленц