Најавено решение за проблемот со водоснабување на 1 500 жители на Раштани и Бузалково

Од:

Конечно го решаваме деценискиот проблем со водоснабдувањето со кој се соочуваа преку 1 500 жители на населените места Раштани и Бузалково, за што инвестираме половина милион евра, изјави министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески кој денеска со градоначалникот на Велес, Аце Коцевски, изврши увид во изградбата на водоводен систем за Раштани и Бузалково.

Проектот предвидува изградба на водоводна мрежа и две препумпни станици и поврзување на селата Раштани и Бузалково на постоечкиот водоснабдителен систем на градот Велес. Градежните работи се во тек и како што истакна градоначалникот на општина Велес, се очекува проектот да биде завршен и пред предвидениот рок.

Министерот Сугарески нагласи дека проектот е од огромно значење за жителите на овие места, особено ако се земе во предвид фактот дека во Бузалково никогаш досега немало вододовод, додека водоснабдувањето во Раштани било делумно решено, но квалитетот на водата не бил на посакувано ниво.

Според Сугарески, посветено се работи на изградба и реконструкција на комуналната мрежа насекаде во државата.- Покрај изградбата на водоводниот систем во Раштани и Бузалково, во меѓувреме активно работиме на реконструкција на водоводи и канализации на 12 улици во град Велес, со што значително ќе ги подобриме комуналните услови во градот и околината. Исто така, наш приоритет е да ја унапредиме локалната патна мрежа, за што преку Министерството за транспорт и врски обезбедивме 1,2 милиони евра за санација и реконструкција на локални патишта и улици во општина Велес. Нашата цел од самиот почеток беше да ја унапредиме целокупната инфраструктура и да ги подобриме условите за животот како во урбаните, така и во руралните средини, рече Сугарески.

Покрај за статусот и текот на реализацијата на капиталните проекти во општината министерит за транспорт и велешкиот градоначалник разговарале и за постапките за носење на деталните урбанистички планови.

-Со поврзувањето на селата Бузалково и Раштани на градскиот водоснабдителен систем засекогаш го решаваме вековниот проблем со кој се соочуваа жителите на овие населени места и обезбедувајќи чиста и квалитетна вода за пиење, значително ги подобруваме условите за живот во општината. Исто така, во соработка со Министерството за транспорт и врски, интензивно работиме на подобрување на состојбата на локалните патишта и улица. Градежната офанзива во Велес е во тек и ќе продолжи со уште посилно темпо во следниов период, изјави Коцевски.

Би можело да ве интересира

Двајца велешани нападнале полицајци, насилниците завршиле во станица

Горан Наумовски

Измамема жена од Велес, останала без 600 евра

Велешанец проголтал дрога за да ја сокрие од полиција, па завршил во болница

Горан Наумовски

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка

Маж и жена шверцувале дрога на релација Скопје-Велес

Горан Наумовски

Се загади воздухот во Велес од пожарите на планините Мукос и Бабуна

Предраг Петровиќ