Награда за најуспешниот земјоделец за 2017 во Кочани

Од:

Во рамките на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“ која годинава ќе се одржи од 26 септемеври до 1 октомври е востановена награда за најуспешен земјоделец на Општина Кочани. Наградата може да ја добие евидентиран земјоделски производител кој има остварено натпросечни приноси на одредена земјоделска култура.

По тој повод Одборот за организација на манифестацијата го објави повикот за пријавување на лица земјоделци за добивање на наградата.

– Предлози можат да достават урбани и месни заедници на село, надлежните органи од областа на земјоделството како што е Подрачната единица на земјоделствто за земјоделие во Кочани, од Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството – Кочани, научни установи од областа на земјоделството, Асоцијацијата на земјоделците на општина Кочани, трговски друштва чија дејност е од областа на земјоделството, истакнуваат од Одборот за организација на манифестацијата.

Предлозите за наградата најдобар земјоделец треба да бидат образложени. Наградата е парична и ја обезбедува општина Кочани, а ќе биде доделена на завршната манифестација „Денови на кочанскиот ориз“ на 1 октомври во Паркот на револуцијата во Кочани.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници