Нафтени компании обвинети дека на Нигерија и земале околу шест милијарди долари

Од:

Суд во Милано ги разгледува обвинувањата за корупција против европските нафтени компании „Ени“ и „Шел“ во контроверзен договор со Нигерија.

Невладини организации тврдат дека во тој нафтен договор Нигерија загубила околу шест милијарди долари.

Невладината организација Глобален сведок, која води кампања за овој случај, пресметала дека т.н. ОПЛ 245 договор од 2011 година и одземал на Нигерија износ од 5,86 милијарди долари, кој одговара на двојната годишна пресметка за образование и здравство.

„Ени“ и „Шел“ се обвинети дека знаеле оти парите кои и ги исплатиле на Нигерија ќе бидат користени за поткуп, но компаниите демантираат какви било малверзации.

Скандалот вклучува и поранешни службеници на разузнавачките служби МИ6 и ФБИ, поранешниот нигериски претседател, како и сегашни и поранешни директори на двете нафтени компании.

Би можело да ве интересира

Вучиќ тврди: САД и Британија за неколку дена ќе воведат санкции за српската нафтена индустрија

САД бараат начини да ги намалат приходите на Русија од нафтата

Пад на цената на нафтата

ЈСП Скопје интервентно купило нафта од Пуцко Петрол

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста