Над 350 барања за субвенционирање на плати на првиот ден од примената на мерката

Од:

Вкупно 356 барања за финансиска подршка за исплата на плати се поднесени до Управата за јавни приходи преку системот Е- даноци во текот на вчерашниот ден.

Врз основа на Уредбата за финансиска подршка за работодавачите за исплата на плати за април и мај, која беше изменета и дополнета вчера, Управата за јавни приходи го постави образецот БФП-ИП согласно измените и го овозможи поднесувањето на барањето за оваа финансиска поддршка, а резултатите, како што велат, се очигледно уште од првиот ден.

– Затоа уште еднаш ги повикуваме работодавачите да аплицираат за оваа финансиска поддршка – 14.500 денари за исплата на плата за секој вработен, и да ја користат оваа поволност која ја донесе Владата на Република Северна Македонија, се со цел намалување на последиците од здравствено – економската криза Корона вирусот COVID -19 која го зафати целиот свет, се вели во соопштението од УЈП.

Даночните обврзници користат и други анти-кризни мерки, односно ослободувањата од плаќање на аконтации на данок на личен доход и данок на добивка.

Досега, барање за ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данокот на добивка за месеците март, април и мај поднеле 688 даночни обврзници, а за ослободување од плаќање на аконтации на данок на личен доход 380 даночни обврзници. Овие барања се комплетни и истите се потврдени од страна на Управата за јавни приходи.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Буџетот за 2025 година усвоен на владина седница