Над 20.000 евра казни за трговците кои не ги намалиле цените на овошјето и зеленчукот

Од:

Од денот на донесување на владините одлуки за определување највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало и за ревидирање на замрзнатите цени на овошјето и зеленчукот, до сега се извршени над 650 инспекциски надзори и контроли. Притоа се евидентирани прекршувања на одлуките кај 22 економски субјекта за што се издадени прекршочни платени налози во висина од над 1 300 000 денари, соопшти Државниот пазарен инспекторат (ДПИ).

Според ДПИ, во тек се постапки од кои ќе се утврдува висината на казните на оние трговци кај кои е констатирано прекршување, а инспекторите и натаму се на терен.

-Од надзорите е заклучено дека производите опфатени со овие одлуки се продаваат по цени во согласност со последната изменета Одлука и повеќето од нив се достапни во продавниците и маркетите ширум земјава наведува ДПИ.

Државниот пазарен инспекторат потсетува дека според последната владина Одлука цените се: до 95 денари за килограм свежи домати, до 95 денари за килограм свежи краставици, до 70 денари за килограм кромид, до 100 денари за килограм свежи зелени пиперки, до 95 денари за килограм грав, до 110 денари за килограм леќа, до 75 денари за килограм банани, до 60 денари за килограм портокали, до 65 денари за килограм мандарини и до 60 денари за килограм лимони.

Би можело да ве интересира

Цените од 1 август ќе бидат референтни за поевтинувањето на прехранбените производи

Катерина Ѓуровски

Да се замрзнат цените на основните прехранбени производи бара Организацијата на портошувачи

Битиќи: Нема услови да се зголемат цените на производите по одмрзнувањето, но ќе реагираме ако има потреба

Ана Ололовска

Нема продолжување на мерката за замрзнување на цените на земјоделските производи

Катерина Ѓуровски

ДПИ за една недела извршил над 600 надзори и издал 110 прекршочни налози

Ана Ололовска

Бектеши: По направените анализи ќе се носи одлука дали ќе има ново замрзнување на цените на овошјето и зеленчукот

Ана Ололовска