Над 2.500 барања за надоместувањето на дел од трошоците за купени и вградени сончеви колекторски системи во домаќинствата се испратени до Министерството за економија.
Огласот беше објавен на 24 јануари 2014 година, а краен рок за доставување на барањата беше 31 мај 2014 година.
Од Министерството за економија посочуваат дека ќе бидат земени предвид и сите барања кои ќе пристигнат во наредните денови, а се испратени по пошта до крајниот рок за аплицирање.
Јавното извлекување на лицата кои ќе добијат надомест на дел од трошоците направени за купен и вграден соларен колектор ќе биде на 7 јуни во просториите на Друштвото за изградба, управување и издавање на повеќенаменска сала Борис Трајковски ДООЕЛ, со почеток во 10:00 часот.
Целта на оваа мерка, за која се предвидени шест милиони денари, е стимулирање на користењето на сончевата енергија во Република Македонија.