Над 14.000 фирми електронски поднеле годишни сметки

Од:

 Околу 14.300 компании ја искористиле можноста за поднесување годишна сметка во Централниот регистар преку он-лајн системот кој беше официјално пуштен во употреба на 31 март годинава.

Директорот на Централниот регистар Ванчо Костадиновски е задоволен од досегашното функционирање на системот и најавува негова презентација пред компаниите и во следниот период со цел да се зголеми бројот на корисници.

– Задоволни сме бидејќи ниту во еден момент немавме пад на системот. Со ова се заобиколуваат две фази, односно физичкото присуство пред шалтерите и процесот на внесување на податоците од годишната сметка во базата на податоци во регистарот на годишни сметки, изјави денеска Костадиновски по средбата со претставниците од Комората на сметководители при Сојузот на стопански комори.

Тој напомена дека имплементацијата на проектот овозможила веќе на почетокот на април да ја завршат обработката на годишните сметки.

Од оние кои го искористеле он-лајн системот, 11.300 компании се големи и средни кои согласно законот беа обврзани да достават електронски годишна сметка до Централниот регистар.

Според податоците на Централниот регистар, околу 25 илјади компании не ја исполниле законската обврска и не поднеле годишни сметки. Тие доколку до 31 декември годинава не поднесат годишна сметка за изминатата 2013 година, тогаш ќе се премине кон нивно административно бришење.

Од Комората на сметководители се задоволни од досегашното функционирање на системот за електронсо поднесување на годишни сметки, но најавуваат дека ќе работат на зголемување на бројот на корисници.

– Додека траеше поднесувањето на годишните сметки, системот беше стабилeн и многу се олесни поднесувањето на сметките. Интенцијата е во следниот период со презентација да видиме дали може да го зголемиме поднесувањето во електронска форма кое сега е околу 15 проценти, изјави Драган Митковски, претседател на Комората на сметководители при ССК.

Централниот регистар е задоволен и од имплементацијата на проектот за регистрационен агент со кој досега се регистрирани 283 агенти кои претставуваат витруелни канцеларии на Централниот регистар. Во постапка се уште 190 барања за регистрациони агенти.

Би можело да ве интересира

ПЕРПЕТУУМОБИЛЕ СЕКЈУРИТИ е еден од добитниците на престижното признание за Македонски квалитет за 2022 година

Признание „Македонски квалитет 2021“ за 10 успешни национални претпријатија

А1он

Во Будимпешта одржа средба на десет стопански комори од Западен Балкан и од Вишеградската група

А1он

ВИДЕО: Заев со половина влада на средба со бизнисмените: Целосно ќе се посветиме на економијата

Жарко Настоски

Игротеки, установи за едукација, објекти за веселби бараат итно донесување протоколи и финансиска помош

Ана Ололовска

Бизнис секторот бара одложување на даночните обврски во секторите и фирмите подгодени од коронавирусот

А1он