Националната банка на Грција ќе се повлече од пазарите во Југоисточна Европа

Од:

Националната банка на Грција ќе се повлече од пазарите во Југоисточна Европа, во рамки на договорот, склучен меѓу грчката кредитна институција и Европската комисија, пишува весникот „Катимерини“.

Националната банка на Грција постигнала договор со институцијата за конкурентност во рамки на Европската комисија, според кој групата ќе го задржи мнозинското учество во турскиот огранок на „Финансбанк“, но ќе се откаже од поголемиот дел од дејноста во Југоисточна Европа.

На тој начин, Националната банка на Грција ќе се повлече од Македонија, Албанија, Бугарија, Романија и Србија.

Кредитната институција ќе задржи 60 проценти од акциите на банката „Финансбанк“ во Турција, а останатиот дел од 40 отсто ќе бидат продадени на инвеститори во две етапи до крајот на 2017 година.

Би можело да ве интересира

Сè додека трае оваа ситуација нема да ги ратификуваме меморандумите, повторно порака од Грција

Катерина Ѓуровски

Грчкиот Ејџијан Ерлајс ја прекина продажбата на билети за сезонската авиолинија меѓу Скопје и Крф

Катерина Ѓуровски

Комисијата на ЕУ ги повика Скопје и Атина да се држат до договорот за промена на името

Орце Костов

Договорот од Преспа не се менува и не се ревидира еднострано, нова порака од Грција

Во Грција е уапсен државјанин на Македонија со „богато“ криминално досие

Герапетритис: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција