На угостителите ќе им се помогне со поевтинување на просторот за летни тераси

Од:

Со Уредбата за примена на Законот за комунални такси за време на вонредната состојба, што денеска ја донесе Владата на оваа своја седница, се овозможува економска подршка на угостителските објекти кои претрпиле штети во своето работење заради спроведување на мерките за спречување на внесување и ширење коронавирусот КОВИД-19, со цел нивна сигурност и одржливост во понатамошното работење и со која пресметувањето и наплатувањето на комуналната такса за користење на просторот пред деловни простории за вршење на дејност од м2 дневно, се изменува, и наместо истата да се плаќа од 5 до 15 денари за м2 дневно, се предлага да се плаќа од 1 до 15 денари за м2 дневно за периодот на времетраeње на вонредната состојба, а доколку така одлучат и наместо на општините, кои ја наплаќаат оваа јавна давачка, можат да донесат одлука и да не ја наплатат јавната давачка за користење на просторот пред деловни простории.

Би можело да ве интересира

Делегациите на оваа власт сѐ повеќе наликуваат на свадбени патувања со државна логистика, Левица реагира на владината посета на Јапонија

Владата работи домаќински и континуирано на привлекување странски инвестиции, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Се води одлучна борба против криминалот и корупцијата, се апсат лица кои до сега беа недопирливи

Левица: Наместо помош за настраданите во Кочани, Владата дала 23 милиони денари за да си го измери рејтингот

СДСМ: Владата предводена од ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН е најнеспособната и најхаотичната што Македонија ја имала

Нема да има криза во владината коалиција, смета Касами