На тендерот за продажба на ОХИС нема понуди

Од:

До крајниот рок не е пристигната ниту една понуда на јавниот повик за прибирање понуди за продажба на акциите на Република Македонија и акциите на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во АД Органско хемиска индустрија Наум Наумовски – Борче (ОХИС), соопшти Министерството за економија.

Министерството, велат оттаму, во наредниот период ќе ја информира Владата за исходот од јавниот повик, со цел  да се разгледаат сите можни опции и да се добијат насоки за изнаоѓање трајно ефикасно решение за постигнување целосна реформа на друштвото, стратешко партнерство со инвеститор и  натамошно успешно деловно работење на ОХИС АД Скопје.

Крајниот рок за подигање на тендерската документација за јавниот повик за продажба на ОХИС истече во вторникот, а крајниот рок за доставување понуди денеска во 13 часот.

Би можело да ве интересира

Работниците од целиот свет ги побараа своите права за Први мај

Американската економија падна за прв пат по три години, Сенатот одби да ги поништи царините на Трамп

Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk

Предраг Петровиќ

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

Силен раст на Волстрит трет ден по ред

Горан Наумовски

Путин: Економската ситуација во светот станува сè покомплицирана