Најголем пораст на најчестите цени на земјоделските производи на зелените пазари во јуни 2013 во споредба со истиот месец лани се забележува кај компирите, кромидот, зелката и лимоните.
Според Државниот завод за статистика, најголемо намалување на цените е забележано кај црешите, праските и бананите.
Најголемо зголемување на најчестите цени на земјоделските производи на пазарите на големо е евидентирано кај компирите, кромидот и зелката. Најголемо намалување се забележува кај морковот, дињите и бананите.