На охридскиот аеродром вечер ќе пристигне првиот лет од Базел

Од:

На охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ вечер ќе пристигне првиот лет од Базел со што ќе се воспостави новата директна линија Базел-Охрид-Базел со авиокомпанијата „Визер“.

Првата директна авио-линија од Базел, како што соопшти ТАВ Македонија, ќе донесе 179 патници, a од Охрид за овој град ќе заминат 133 патници.

На новата релација ќе се лета два пати неделно, секоја среда и недела, во исто време, пристигнувајќи на охридскиот аеродром во 18 часот и 40 минути и враќање за Базел 19 часот и 10 минути. Летовите, според ТАВ Македонија, се закажни до 21 октомври.

Првото слетување од Базел лет, ТАВ Македонија ќе го прослави со традиционалната церемонија за добредојде – сечење торта, воден мост во форма на виножито околу воздухопловот, како и девојки облечени во народни носии кои им нудат закуска на патниците.

Пред неполн месец од охридскиот аеродром почна да функционира и директна линија за Лондон.

Од компанијата очекуваат пораст на авиосообраќајот на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во текот на летото, како резултат на новите авиолинии, како и чартер-летовите од Холандија, Австрија, Швајцарија и Белгија.

Лани „ТАВ Македонија“ на двата аеродроми, скопскиот „Александар Велики“ и охридскиот „Св. Апостол Павле“, опслужи речиси 1,3 милиони патници и притоа забележа пораст од 20 проценти на годишно ниво.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Британски ловци пресретнаа руски авиони на границата на НАТО

Дали САД се подготвуваат да го нападнат Иран: Сателитските снимки покажуваат групација на стелт бомбардери Б-2

Предраг Петровиќ

Од 178 повредени, 101 пациент се третираат во странските медицински центри

Политико: Португалија се откажа од купувањето Ф-35 поради Трамп

Поради магла откажани дел од летовите на Скопскиот аеродром

Летовите околу Вашингтон одложени поради безбедносните мерки на инаугурацијата