На Малта се решава судбината на грчката програма за спас

Од:

Грција денеска ќе биде главна тема на средбата на министрите за финансии на Еврозоната, што ќе се одржи во главниот град на Малта, Ла Валета, објавија грчките медиуми.

Се очекува на средбата да се направи обид за излез од ќорсокакот во кој западнаа преговорите меѓу Атина и нејзините кредитори околу продолжувањето на програмата за помош на земјата.

„Катимерини“ оценува дека сепак никој не очекува договор денеска, но дека сепак е можно да се постигне согласност за продолжување на преговорите.

Клучот сега е во рацете на германскиот министер за финансии Волфгагн Шојбле, кој вчера изјави дека е оптимист оти наскоро би можел да биде постигнат договор, иако не очекува тоа да се слуичи на денешната средба, додава весникот.

Под наслов „Под Демокловиот меч на ќорсокакот“ весникот „Вима“ наведува дека на маса на средбата во Ла Валета ќе се најде предлогот за компромис меѓу Атина и кредиторите.

Весникот потсетува дека германската канцеларка Ангела Меркел го уверила грчкиот премиер Алексис Ципрас дека ќе работи на надминување на промблемот уште на денешната средба на Еврогрупата.

„Нафтемборики“ пак нагласува дека вчера во Брисел и во неколку европски главни градови била регистирана зголемена дипломатска активност со цел доближување на позициите меѓу Атина и кредиторите.

Весникот потенцира дека главните напори биле насочени кон усогласување на фискалните мерки, но дека разликите меѓу двете страни не биле надминати.

Според „Нафтемборики“, Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во оваа фаза од усогласувањето на ставовите изнел нови барања што би требало да ги исполни Атина за продолжување на помошта.

Весниот наведува дека ММФ оценил оти Грција постигнала напредок, но дека се уште остануваат отворени повеќе прашања, кои земјата мора да ги исполони.

Грчката Влада меѓутоа ги отфрли трдењата дека ММФ и поставила нови барања.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната