На крајот на јули во Хрватска биле регистрирани 316.246 невработени

Од:

Вкупно 316.246 невработени биле регистрирани во хрватската служба за вработување на крајот на јули, соопшти Хина.

Тоа е пад за 0,6 проценти во споредба со претходниот месец, но е зголемување за 5,9 проценти на годишно ниво.

Јули е петиот месец по ред во 2013 година во кој опаѓа невработеноста во Хрватска. Невработеноста е најголема во Загреб, каде се наоѓаат 14 проценти од сите невработени во Хрватска. Таа е најниска во областа Лика, каде има само 0,9 проценти невработени.

Жените се 52,7 проценти од сите невработени, а 24,6 проценти од сите невработени се на возраст од 25 до 34 години.

Во јули 19,3 проценти од сите невработени добивале помош за невработени, што е пад за 8,8 проценти од јули 2012 година.

Би можело да ве интересира

Најмалку две лица загина во сообраќајка во Хрватска

Сообраќајна несреќа во Хрватска, неколку лица загинаа, има и повредени

Две сестри тргнаа на свадба, починаа во сообраќајка

А1он

(ФОТО) Во сообраќајка загина екс хрватски фудбалер, во друго возило беа неговите сопруга и ќерка

А1он

ВИДЕО: Голем пожар во фабрика во Хрватска

Уапсен e музичарот Миле Кекин