На крај на месецов истекнува рокот за Годишната даночна пријава

Од:

На 31 мај истекува рокот за потврдување или корегирање на Годишната даночна пријава. По истекот на овој рок, Годишните даночни пријави ќе бидат конечни.

– На 1.06.2020 година службено ќе бидат потврдени и Годишните даночни пријави што од страна на граѓаните не се ниту потврдени, ниту корегирани. Годишната даночна пријава која граѓанинот ја корегирал, а добила статус на конечна даночна пријава, ќе треба да биде одобрена од службено лице на Управата за јавни приходи. Доколку службеното лице не ја одобри корегираната даночна пријава ќе се донесе решение за утврдување на данокот на личен доход за 2019 година, велат од Управата за јавни приходи.

Оттаму апелираат до граѓаните кои оствариле приходи, а сеуште не се регистрирале на системот е-Персонален данок, да го сторат тоа во најкраток можен рок.

Би можело да ве интересира

Стратешка реформа за фискална стабилност и економски развој-нов закон за ангажирање

УЈП демантира дека го „пломвирала“ Пулс во декември минатата година

ДУИ: Во истрагата за „Пулс“ е неопходно да се покрене прашањето за улогата и одговорноста на УЈП

СДСМ: Елена Петрова ја лаже јавноста, повратот на ДДВ-то доцни и до четири месеци

Петрова: Исплатата на МојДДВ и повратот на ДДВ за компаниите тече континуирано

УЈП: Поголеми ланци на маркети во земјава во четвртокот и петокот имаа помал промет