На кого му штети непазарното стопанисување со гасот во Хрватска?

Од:

Дојче веле – Бон

Приговорите од Брисел поради пререгулираниот гасен извештај во Хрватска во дел имаат основа, иако наивно е да се верува дека слободната купопродажба може да ги реши сите енергетски проблеми на индустријата и домаќинствата.

Европската комисија во својот последен извештај истакна за Хрватска и критика на сметка на државната политика кон пазарот на гасот. Интересно е дека освртот не се наведува во хрватските медиуми, иако се работи за тема која во поново време се почесто се потенцира, посебно поради планираната експлоатација на гас на централниот и јужниот Јадран, која предизвикува многу отпор во јавноста. Но од Европската комисија доаѓа забелешка на сметка на пазарната регулација која наводно сеуште го кочи развојот на конкуренцијата меѓу понудувачите во рамки на ЕУ. Хрватска затоа е прикажана како неинтегрирана и неприлагодена на енергетската политика на ЕУ.

Слични приговори се слушнаа од иста насока и порано, кога на Хрватска и се забележуваше поради протежирањето на сопствениот пазар. Не помагаше ни фактот дека официјален Загреб лесно се согласи, за љубов на ЕУ, прекумерно да изложи одредени делови на своето стопанство. Но, по оваа прилика внимание исклучиво привлекува тезата на ЕК дека хрватската регулација на гасниот пазар наштети најмногу на домашните потрошувачи, т.е. на домаќинствата и индустријата. И додека за домаќинствата не стекнавме таков впечаток, за индустријата повеќе пати беше кажано дека: двата најголеми купувачи, државното претпријатие Хрватското електростопанство и Петрокемија, со години плаќаат најголема цена на гасот.

Режиските трошоци се се поголеми

Најголемиот пак доставувач, Ина, на тоа остварува голем дополнителен профит, а во меѓувреме сама е испуштена од државните раце. Попрецизно, управувачките права на неа под криминални околности се препуштени на унгарскиот партнер Мол.

Се впуштивме во разгледување на тврдењата на ЕК: колку се основани забелешките на сметка на хрватската политика, наспроти пазарот на гасот? Не само откако Хрватска е во ЕУ, туку и во изминатите години додека се подготвуваше за тоа членство. – Вистина е дека хрватските влади со години му погодуваа на населението намалувајќи ја цената на гасот за домаќинството, а ЕУ тоа не го сака – ни рече Миљенко Шуниќ, претседател на Хрватското стручно здружение за гас.

– Индустријата за тоа време претрпе трошок за да се надомести загубата на потрошувачите, а тоа до неодамна беше само Ина. Тоа имаше смисла додека Ина беше во наши раце, како ХЕП и Петрохемија – вели Шуниќ. А што по губењето на Ина? Експертот на ХСУП смета дека хрватските власти уште некое време ќе се трудат на граѓаните да ја прилагодат цената за најширока потрошувачка, бидејќи се свесни дека многу луѓе повеќе не можат да ги поднесат основните режиски трошоци. Но, пазарот последните години сепак е отворен за индустријата, па таа почнува да купува нешто поповолен гас.

Наскоро и инфраструктура

Одредени законски решенија, како и техничките ограничувања, се уште го кочат целосното отворање на пазарот, иако не за долго. Љубо Јурчиќ, поранешен министер за стопанство од СДП, а денес во опозициските редови, во свое време покрена проект за гасификација на Далмација. Кризата ја одложи изведбата до неизвесни рокови, но Јурчиќ смета дека пазарот сеедно колку-толку се развива. – Инфраструктурата се гради, но се уште недостасува компресорска постројка со која би се вклопиле во европската мрежа, како и магацини за домашните вишоци и резерви. Се тоа треба да остане во државни раце, со цел сите да можат да пристапат под исти услови – изјави Јурчиќ за Дојче веле.

Љубо Јурчиќ потенцира дека при развојот на инфраструктурата важно е да се има на ум дека не е доволно да се овозможи само доведување на гас, туку и тоа да има воопшто кој да го купува. Дури тогаш отворањето на пазарот за нови доставувачи би имало смисла па државната политика околу тоа треба да се води интегрално и стратешки. А во врска со забелешките од ЕК се обративме и до Министерството за стопанство на РХ, во чија надлежност е ова прашање, т.е. енергетиката генерално. Од таа институција ни порачаа дека не се согласуваат со изнесените факти во извештајот на ЕК, иако некако поинаку ги интерпретираат околностите.

Пазарот сепак ја зголеми цената на гасот?

Што се однесува до растот на цената на гасот од 2008 и 2012 година, на пример, ова министерство го има следното објаснување: – Делумно е тоа и последица од отворањето на пазарот што е реалност со која мораме да се соочиме. Во однос на то и владините интервенции во цената во 2014 година се толкуваат како обид за намалување на лошиот пазарен ефект. Се наведува дека тие односи можат да останат во сила уште две години, додека не се стекнат услови за урамнотежување на пазарните прилики. Се работи за извесни помодерни технички барања кои овозможуваат полесен промет на гас во Европа.

Исто така, се работи и за контекст во кој малопродажната дистрибуција по Хрватска и понатаму се темели на рацете на локалните самоуправи, што системот наводно го прави пазарно инертен наместо да се поврзува со стопанските партнери. На крај, од Министерството за стопанство ни одговорија и дека очекуваат дека идната опсежна експлоатација на нафта и гас во Хрватска, наскоро треба да донесе поефтини енергенти за индустријата, како и за домаќинствата. Проблемот така може да се реши со поголемо домашно производство, а не со самиот пазар и зголемениот увоз.

Би можело да ве интересира

Најмалку две лица загина во сообраќајка во Хрватска

Сообраќајна несреќа во Хрватска, неколку лица загинаа, има и повредени

Две сестри тргнаа на свадба, починаа во сообраќајка

А1он

(ФОТО) Во сообраќајка загина екс хрватски фудбалер, во друго возило беа неговите сопруга и ќерка

А1он

ВИДЕО: Голем пожар во фабрика во Хрватска

Уапсен e музичарот Миле Кекин