На Грција во Брисел и биле претставени два документи

Од:

На Грција во Брисел и биле претставени два документи, еден на кој Владата гледала позитивно и еден кој целосно бил во спротивност со нејзиниот став, соопштија грчки владини извори во врска со неуспешниот обид за постигнување договор меѓу Грција и нејзините доверители на синоќешниот состанок на Еврогрупата.

Според истите извори, во последните неколку денови и часови со континуирани преговори се правеле обиди да се премостат разликите меѓу новата грчка Влада од една страна и европските лидери и функционери на друга.

Документот, кој требало да се користи како основа за дискусија во рамките на Еврогрупата, на кој грчката Влада одговорила позитивно во принцип, на состанокот бил заменет со поинаков документ со кој се одело во сосема поинаква насока, и со кој се барало продолжување на меморандумот и после истекот на неговиот рок на 28 февруари.

– Грчката Влада не може да прифати документ кој е целосно во спротивност со мандатот на грчкиот народ. Се чини дека некои партии не сакаат преговори и опстојуваат со поддршка на програмата која не успеа. Во текот на европската историја, демократиите отфрлаа ултиматуми. Европските демократии не користат уцени и не можат да бидат уценувани, ја пренесуваат грчките медиуми изјавата на висок владин претставник.

Би можело да ве интересира

Сè додека трае оваа ситуација нема да ги ратификуваме меморандумите, повторно порака од Грција

Катерина Ѓуровски

Грчкиот Ејџијан Ерлајс ја прекина продажбата на билети за сезонската авиолинија меѓу Скопје и Крф

Катерина Ѓуровски

Комисијата на ЕУ ги повика Скопје и Атина да се држат до договорот за промена на името

Орце Костов

Договорот од Преспа не се менува и не се ревидира еднострано, нова порака од Грција

Во Грција е уапсен државјанин на Македонија со „богато“ криминално досие

Герапетритис: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција