Управата за јавни приходи ја објави листата на должници на фирми и државни претпријатија кои не ги подмириле долговите по основ на даноци кон државата.
Па така на ѕидот на срамот како должници на УЈП се појавуваат државни претпријатија, но и многу фирми кои важат за реномирани во земјава.
„Калиопи мјузик продукција“, АЛФА Телевизија, Офтамологија Систина, Лино Червар се само дел од правните и физички лица кои се со неподмирен долг кон државата.
Водововод ЈП за комунални дејности од Богданци и должи на УЈП 20.000.000 милиони денари.
Провладината телевизија АЛФА по основ на ДДВ должи 13 милиони денари.
Агенција за цивилно воздухоплоство должи 3 милиони и 565 илјади денари.
Јавно комунално претпријатие Комуналец од Градско должи над 3 милиони денари.
Калиопи Мјузик Продукција ДООЕЛ од Скопје должи 2.356.687 денари по основ на неплатени даноци кон УЈП.
Фирмата Бауер БГ ДОО Скопје која работи на повеќе локации ангажирана од државата должи над два милиони денари.
Македонска опера и балет должи два милиони денари на УЈП.
Паркови и зеленилио должи исто два милиони денари.
Тренерот на Металург, Хрватот, Лино Червар на УЈП и должи 1.705.129 денари.
Систина Офтамологија П.З.У. -специјална болница по офтамологија должи 736.000 денари.
УЈП објави 4635 правни и физички лица должници на државата по основ на даноци. Целосната листа на УЈП може да ја погледнете тука.
Б.С.