МЗШВ: Николовски со невистини за шумската полиција

Од:

Дополнителниот заменик министер за земјоделство, Љупчо Николовски, денеска се загрижи и за шумската полиција, притоа повторно изнесувајќи непроверени и неточни информации, реагираат од Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство.
Не знаеме од каде му е храброста на Николовски да говори за основни услови за работа, како и за нормално функционирање на шумската полиција, но, доколку не знае, би било добро да си ги праша сопартијците и нивниот заменик министер Санде Џамбазовски, каков беше третманот на шумските полицајци во периодите кога на власт беше СДСМ.

За работите да бидат појасни, шумската полиција е формирана во времето на СДСМ, во 1996/97 година. Тогаш беа вработени 130 шумски полицајци, од кои, повторно во времето на СДСМ, 2002-2006 година, 40-ина беа избркани од работа како технолошки вишок.

Во 2006 година, кога на власт во РМ дојде актуелната владејачка гарнитура, затекнавме 96 вработени шумски полицајци. Набргу Судот ги врати на работа претходно избрканите 40-ина шумски полицајци на кои им беа исплатени сите плати и надоместоци.

Од 2006 година до денес бројот на вработени во 30-те шумско – полициски станици се зголеми на вкупно над 380 шумски полицајци кои имаат решен статус, т.е. како служба формирана со Законот за шуми.

Дополнително, определен е број на шумско-полициски станици во РМ, определено е образование за командири, заменик командири и за шумски полицајци.
Определено е овластување за носење на лично и формациско вооружување, одредена е постапка за вработување, наградување, па и за казнување.
Воведена е обврска за обуки и период на спроведување на обуките. Со Правилник е регулирана работата на шумската полиција, како и Правилник за униформа и вооружување, што се подзаконски акти од Законот за шуми.
Воведено е право за надомест за работа во ноќни услови и на државни празници.

Со сето ова е зајакнат капацитетот на шумската полиција, што беше незамисливо во периодите во кои на власт беше СДСМ, кој сите овие лица ги остави без решен статус

Покрај сето ова, ќе ја потсетиме јавноста дека во МЗШВ е формирана работна група од претставници на синдикатот и од шумската полиција, за подготвување на предлог колективен договор со кој дополнително ќе се подобри и регулира статусот на шумската полиција. МЗШВ упорно ќе продолжи да го бара решението за подобрување на нивниот статус и за дополнително подигнување на нивото и на условите за работа на шумската полиција, реагираат од министерството.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Николовски: Над 210 милиони евра на располагање за инвестиции преку ИПАРД 3 во следните четири години

(ВИДЕО) Министерот Николовски заедно со земјоделците од Свети Николе денес ги потпишаа првите договори за продолжување на закупот на земјоделско земјиште

Николовски: Земјоделците од Кочанско рекордери во искористувањето на ИПАРД поддршката, утре ќе биде објавен новиот повик за мерката 3

Николовски од Берово: Продолжуваме со поддршката на жените земјоделки

Горан Наумовски

Николовски: Досега 838 млади земјоделци успешно ја реализирале поддршката со мерките на МЗШВ

(ВИДЕО) Николовски: Со реализирани 63,1 милиони евра за над 2.100 реализирани инвестиции успешно ја заокружуваме ИПАРД 2 програмата

Горан Наумовски