МЗШВ до СДСМ: Пред да излезете со прес-конференција барем прочитајте ги законите

Од:

„Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги упатува СДСМ пред да излегуваат во јавноста со прес конференции барем да ги прочитаат законите.

Според Законот за тутун и тутунски производи, откупот на тутунот произведен во тековната година започнува во сите откупни пунктови кои се пријавени најдоцна од 15 декември во тековната производна година и завршува најдоцна до 15 март во наредната година. Што значи дека официјалниот почеток на откупот на тутунот е најдоцна до 15 декември и до тој рок откупните организации треба да обезбедат финансиски средства за целиот договорени количества тутун.

Поточно како што стои во Законот „Откупувачот е должен најдоцна до почетокот на откупот на тутун како доказ за обезбедени финансиски средства за исплата на целокупната договорена и откупена количина на тутун од тековната реколта во висина според просечната откупна цена од минатата реколта, да обезбеди:

– банкарска гаранција и изјава од одговорното лице на откупувачот дадена под материјална и кривична одговорност заверена кај нотар дека целокупната договорена количина на тутун ќе ја исплати на тутунопроизводителите, или

– финансиски средства на посебна наменска жиро сметка и изјава од одговорното лице на откупувачот дадена под материјална и кривична одговорност заверена кај нотар дека целокупната договорена количина на тутун ќе ја исплати на тутунопроизводителите и дека средствата од наменската сметка исклучиво ќе се користат за исплата на договорениот тутун.“

Без разлика за која откупна компанија се работи, дали има домашен или е со странски капитал, Министерството за земјоделство како и досега нема да дозволи да се откупува додека не се обезбедат финансиските средства со цел да се заштитат тутунарите од нередовна и нецелосна исплата на нивниот род“, се вели во демантот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на прес конференција на СДСМ – „Дали Тутунски комбинат Прилеп е подготвен за годинашниот откуп?“

Би можело да ве интересира

Откупот на тутунот е при крај, просечната откупна цена е 400 денари

Царина заплени 780 килограми тутун вреден 3,4 милиони денари

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Тутунот се расадува, се предвидува добра производствена година