„Мудис“: Зголемен ризикот за излез на Грција од еврозоната

Од:

Политичката нестабилност и предвремените парламентарни избори во Грција го зголемија ризикот за излез на земјата од еврозоната, се наведува во анализата на меѓународната агенција за кредитен рејтинг „Мудис“.

Агенцијата наведува дека веројатноста Грција да излезе од еврозоната е помала во споредба со 2012 година, кога ризикот беше значително поголем.

Во анализата се посочува дека растечкиот ризик од напуштање на Грција на монетарната унија би можел да има негативни последици и за другите земји-членки на еврозоната иако ризикот од ефектот на домино е значително помал од претходно.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент