„Мудис“ го зголеми кредитниот рејтинг на Турција до инвестициско ниво

Од:

Меѓународната агенција за рејтинг „Мудис“ го зголеми синоќа долгорочниот кредитен рејтинг на Турција до инвестициско ниво „Баа3“. Агенцијата ја определи перспективата за рејтингот како „стабилна“.

Одлуката за зголемување е поврзана со засилените позитивни тенденции во турската економија и набљудуваното заздравување на националниот финансиски сектор.

Анкара е многу подобро заштитена од евентуални надворешни негативни економски влијанија, поточно од ЕУ, истакнува „Мудис“. Според њујоршки аналитичари, зголемувањето на кредитниот рејтинг е добар сигнал за инцвеститорите за безбедноста на капиталните вложувања во турската економија.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Ја потврдувам непоколебливата поддршка на Турција за кипарските Турци

Турската полиција денеска уапси најмалку 250 граѓани кои протестираа во Истанбул

28 патници се повредени при превртување на автобус во Турција

Клучните сообраќајни правци во Истанбул се затворени поради засилени безбедносни мерки

Ердоган: Турција и Италија ќе продолжат да ја зајакнуваат соработката во областа на одбранбената индустрија

Закрепнуваат Мартин и Борис, последните двајца од повредените во пожарот во Кочани кои се лекуваат во Истанбул