Мудис го намали рејтингот на Франција

Од:

За еден степен е намален кредитниот рејтинг на Франција на “Аа1“, соопштила Американската кредитна агенција “Мудис“ со понатамошни негативни прогнози, што значи дека на среден рок е можно уште едно намалување.

Во соопштението на “Мудис“ се наведува дека агенцијата ја базирала својата одлука на неколку фактори, од кои најважно е “тоа што на долг рок економските прогнози на Франција негативно ќе влијаат на поќекратните структурни предизвици, вклучувајќи го постепеното намалување на конкурентноста и долготрајната ригидност на пазарите, стоките и услугите“.

Францускиот министер за финансии Пјер Московиси изјавил дека намалениот кредитен рејтинг претставува “осуда на претходната управа“, што се однесува на претходната влада, и додал дека новата влада на чело со претседателот Франсоа Оланд ќе навести “брза примена на реформи кои веќе се најавени“.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано