Министерството за труд и социјална политика на 30.5.2017 година изврши исплата на повеќе права од социјална и детска заштита.
Имено, извршена е исплата на следните права: правото на мобилност и слепило, цивилна инвалиднина, постојана парична помош, парична помош на лице кое до 18 години возраст имало статус на дете без родители и родителска грижа, сместување во згрижувачко семејство, социјално домување, парична помош за згрижувач, парична помош за студирање, детски додаток, посебен додаток, еднократна парична помош за новороденче, еднократна парична помош, родителски додаток за трето дете, родителски додаток за четврто дете и единствен родителски додаток.
Во тек е и до крај на денот целосно ќе бидат исплатени и корисниците на социјална парична помош, паричен надоместок за помош и нега од друго лице, како и субвенциите за електрична енергија за месец 04/2017 година.