МТСП: Ги повикуваме сите пратеници да гласаат за социјалната реформа

Од:

„Законите од социјалната и детската заштита со кои Министерството за труд и социјална политика ја спроведува социјалната реформа влегоа во собраниска процедура. По нивното донесување кое се очекува после новогодишните празници стартува суштински процес за извлекување на околу 400 илјади граѓани над линијата на сиромаштија.

Со овие реформи гарантираме подобар живот, намалување на сиромаштијата и еднакви шанси за секое дете, но и активација на невработените на пазарот на труд. Ги повикуваме пратениците да гласаат за социјалната и детската реформа со што ќе покажат дека општеството е зрело за позитивни промени кои ќе значат многу за намалување на детската сиромаштија. Со реформите пристапот до детскиот и образовниот додаток се зголемува за 20 пати. Од идната година детскиот додаток место досегашните 3.200 деца ќе го користат 73.500 деца, а место образовниот наместо 3.800 деца, 64.316 деца. Исто така, типично четири члено семејство место досегашните 3.000 денари социјална помош ќе зема гарантиран минимален приход од над 10.000 денари, односно секое домаќинство ќе добива паричен надомест според социјалниот ризик во кој што се наоѓа.

Изминатата година беше исполнета и многу успешна за Министерството за труд и социјална политика. Реализацијата на процесите со коишто градиме праведно и хумано општество, а коишто ги почнавме во 2018 продолжуваме посветено да ги спроведуваме и идната година.

МТСП посакува среќна Нова година и Божиќни празници. Во 2019 продолжуваме да работиме со исто темпо. Секој ден од годината е важен, а празниците да ни останат инспирација да направиме што повеќе еден за друг и за општеството во кое живееме“ се вели во соопштението на министерството за труд и социјална политика.

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите

МТСП: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2022/2023 година

Ана Ололовска