МРТ должи 1,5 милиони евра, а „Македонија пат“ 6,8 милиони евра за данок

Од:

Управата за јавни приходи во петокот ја објави третата листа на должници на 2017 година.

На врвот на листата се наоѓа Отекс АД Охрид со долг од 670 милиони денари по основ на ДДВ.

Јавното претпријатие „Македонија пат“ на Управата за јавни приходи и должи 419.668.117 денари или 6,8 милиони евра за неплатени ДДВ и данок на добивка. Со оваа сума, јавното претпријатие се најде второ на листата на најголеми должници.

Jавниот сервис МРТ на УЈП и должи 1,5 милиони евра за данок на добивка. За неплатени даноци МРТ должи 355 илјади евра.

Листата на должници се објавува на веб страницата на Управата за јавни приходи согласно член 9 од Законот за даночна постапка. Управата за јавни приходи без согласност на даночниот обврзник на својата веб страница може да објави податоци заради исправка на непотполни информации кои се објавени во Листата на должници.

Би можело да ве интересира

Прекин во работењето на системот е-Даноци

Да се остранат возилата на патот скијачки центар Маврово – Бунец преку Никифорово и Леуново повика „Македонија пат“

УЈП ја објави листата на должници, намален бројот на компании должници, зголемен кај физичките лица

Поради излизгана машина за чистење снег во прекин сообраќајот на патот Гевгелија – Богданци

Катерина Ѓуровски

Мечката, распната како трофеј, не разликува функционер од обичен граѓанин – некогаш ќе ни врати

A1on

Заменик директорот на „Македонија пат“ Сашо Дранго убива мечка и позира со неа, Анима Мунди бара негово разрешување

A1on