Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) денеска информира дека сите заинтересирани субјекти може да поднесат електронско барање по Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2016 година на веб адресата https://e-baranje.ipardpa.gov.mk.
– Поради реакции од потенцијални баратели на средства во врска со функционирањето на системот за поднесување на електронско барање по Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2016 година напоменуваме дека сите заинтересирани субјекти може да поднесат електронско барање на посочената веб адреса која непречено функционира од самиот почеток на воведувањето на системот за поднесување на електронски барања, се вели во соопштението од АФПЗРР.