Москва: Бугарија не се бореше доволно за „Јужен поток“

Од:

Членството во одредена група или организација, како што се НАТО или ЕУ, не треба ја ограничува една земја во нејзините напори да се залага за заштита на своите национални интереси, изјави амбасадорот на Русија во Бугарија, Јуриј Исаков.

– Постојано слушам: ние сме мала земја, што можеме да направиме сами. Таквата позиција не е воопшто продуктивна. Во истата Европска унија има земји кои се слични со Бугарија според големина, економска моќ и полиитчко значење, но тие наоѓаат сили за заштита на своите национални интерси, изјави Исаков, додавајќи дека проблемот со Софија е тоа што и недостига полиитчка волја за таква борба.

Како што јави БТА, Исаков изјави дека денес живееме во свет во кој секој се бори за своето место под сонцето и во тоа нема ништо лошо.

– Никој не дава подароци паднати од небо, како што беше „Јужен поток“, Дали некој и понудил на Бугарија нешто слично на „Јужен поток“? Кога ќе се појави соодветен среќен момент или среќен развој на настаните, треба да се бориш за него. Ако треба и заби ќе се покажат, за да се заштитат националните интереси, рече рускиот амбасадор.

Според него, ако една земја само вели дека „е мала и неможе ништо да стори“, тоагш и ќе остане мала и немоќна.

Исаков нагласи дека рускиот претседател Владимир Путин бил дециден дека проектот „Јужен поток“ е завршен, додавајќи дека ако смета оти „тоа е корисно“, Русија може од гасоводот што ќе оди до турско-грчката граница да издвои крак за снабдување со гас на земјите од Југосточна Европа.

Би можело да ве интересира

Фрлена црвена боја, запалена вратата од зградата на ЕУ во Софија: Демонстрантите создаваат хаос поради воведувањето на еврото

Земјотрес ја погоди Бугарија

Горан Наумовски

Рокас: Соработката меѓу Македонија и Бугарија сега е повеќе важна е кога и да било

Возач во Бугарија возел со 3,04 промили алкохол во крвта, казнет е со 18 месеци затвор

А1он

Девојка со нож избоде тројца мажи во Софија, еден од ранетите се бори за живот

Мицкоски: Се што ветивме на изборите многу внимателно го исполнуваме