Москва: Ако ЕУ не го сака „Јужен поток“, нека ги сноси последиците

Од:

Русија е подготвена да го изгради гасоводот „Јужен поток“ во Европа со цел намалување на транзитните ризици, но ако ЕУ се откаже од тој проект ќе мора да ги сноси последиците за евентуално непочитување на испораките на гас, изјави рускиот министер за економски развој Алексеј Уљукаев.

– Ако европските потрошувачи сакаат да ги намалат ризиците, ние ќе го изградиме „Јужен поток“. Ако нема таква волја, тогаш нема да го градиме. Но, во таков случај, ризикот за гаранциите за испораките (на гас) мора да ги преземе оној што се откажува од таквата можност, изјави Уљукаев на средба со германски бизнис лидери во Штутгарт.

Уљукаев нагласи дека Русија „има доволно гас и за Истокот и за Западот“, додавајќи дека изградбата на гасовод кон Кина нема да влијае врз испораките на енергнсот за европските потрошувачи.

Тој потсети дека преку „Јужен поток“, „Газпром“ би дистрибуирал гас за ЕУ наместо преку Украина, по дното на Црното Море.

Ваквата реторика на Уљукаев доаѓа во време кога ЕУ се пожестоко се противи на изградбата на „Јужен поток“. Поранешниот еврокомесар Гинтер Етингер, во време кога се уште ја извршуваше оваа функција, изјави дека проектот „Јужен поток“ не е приоритет за ЕУ, затоа што таа „во него не гледа нов извор на гас“.

Би можело да ве интересира

Дачиќ: ЕУ со двојни стандарди го дозволи Северен, но не и Јужен поток

Ана Ололовска

Сијарто: Можно е рестартирање на „Јужен поток“ по изборите во Бугарија

Наум Локоски

„Комерсант“: „Газпром“ го воскреснува „Јужен поток“

Ана Ололовска

Раскинат договорот за „Јужен поток“

Емир Латифовиќ

Додик: „Јужен поток“ повторно ќе дојде на дневен ред

Емир Латифовиќ

Анкета: Србите и Бугарите стравуваат поради откажувањето на Јужен поток

Емир Латифовиќ