Московиси: Нема „план Б“ во преговорите со Грција

Од:

Еврозоната нема „план Б“ во преговорите со Грција, изјави денеска еврокомесарот за економски и финансиски прашања Пјер Мосоковиси.

– Сите мислиме дека е можно изнаоѓање решение. Немаме „план Б“. Според Европската комисија, „план А“ е постигнување договор. Тоа е единствениот план на маса, изјави Московиси, откако вчера на состанокот на министрите за финансии на еврозоната, Еврогрупата и Грција не постигнаа договор за програмата за финансирање на Атина.

Европската комисија денеска соопшти дека змејите-членки на еврозоната работат на изнаоѓање решение и вети олеснување на целиот процес.

Брисел истовремено ги негираше тврдењата на грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис, дека на синоќешната средба на Еврогрупата бил разгледуван документ, кој Грците „биле на чекор да го потпишат“.

– Документи беа изготвени, но ниту еден не беше ставен на маса на разгледување, па поред тоа и непостои некаков документ што го отфрлила Грција, изјави францускиот министер за финансии Мишел Сапен.

ЕУ како единстевна изводлива опција го смета продолжувањето на актуелната програма за спас на Грција, која истекува на 28 февруари. Евроозната синоќа и постави ултиматум на Грција до петок самата да реши дали ќе побара продолжување на програмата за финансирање.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент