Моделите на Субару прогласени за најбезбедни во САД

Од:

Американскиот Институт за безбедност во сообраќајот на автопатиштата (ИИХС) ги награди сите модели на Субару што се продаваат на северноамериканскиот пазар со највисокото признание за безбедност – „Најбезбеден 2013“.

Субари е единствениот производител на автомобили што во САД ја добил оваа награда за сите свои модели.

ИИХС највисоките признанија ги додели четврти пат по ред на сите модели на Субару што се во продажба, а во 2012 година тоа беа Legacy, Forester, Tribeca, Outback, Impreza, XV Crosstrek и BRZ.

Освен тоа, моделите Legacy i Outback, изработени после август 2012 година, се првите автомобили на Субару што го минале тестирањето на ИИХС под називот „Најбезбеден плус“ (Top Safety Pick Plus). Оваа награда ги подрзбира подобрите оценки на тестот за заштита на патниците во возилото-минимум четири од пет бодови, како и оценката „прифатлив“ на сите останати тестови, а двата споменати модела беа оценети со највисокото признание и на ова тестирање.

-Највисоките оценки на нашите производи на тестирањата на Институтот за безбедност ИИХС ја потврдуваат вербата на Субару во безбедноста на автомобилот. Сите наши модели со највиоска оценка и награда „Најбезбеден“, а сега и Legacy i Outback со признанието „Најбезбедни плус“ тоа најдобро го потврдуваат, рече Томас Дол, извршен потпретседател и генерален директор на компанијата Субару Америка.

Инаку, ИИХС за идните купувачи на нови автомобили обезбедува прецизини информации за нивните безбедносни карактеристики, оценувајќи ги на тестовите за заштита на патниците со оценките „добар“, „прифатлив“, „маргинален“ и „лош“. За да ја освои титулата „најбезбеден“ автомобилот мора да ја има оценката „добар“ на сите четири теста на фронтален и страничен судар, на тестот за превртување и на проверката на заштитниот ефект на наслонот за главата при удар одзади.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

Орце Костов

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

Орце Костов

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

Орце Костов

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска