Мобилниот шалтер на УЈП пред зградата на општина Аеродром

Од:

Управата за јавни приходи (УЈП) денеска пред зградата на Општина Аеродром во текот на работното време, ќе постави „Мобилен даночен шалтер“, преку кој даночните услуги ќе можат да се доближат до даночните обврзници.

Преку опремено комбе како даночна канцеларија, граѓаните и фирмите без да го напуштат своето место на живеење/седиште, ќе имаат можност да ги добијат сите даночни услуги и информации, поточно да ги достават сите видови даночни пријави и да ги подигнат сите документи што ги издава Управата.

Целта на оваа активност на УЈП е да се овозможи достапност на услугите, како и да се зголеми ефикасноста на мобилните даночни шалтери и на тој начин да се задоволат потребите на граѓаните и правните субјекти.

Би можело да ве интересира

Прекин во работењето на системот е-Даноци

УЈП ја објави листата на должници, намален бројот на компании должници, зголемен кај физичките лица

УЈП: 1.198 даночни обврзници да го платат веднаш ДДВ долгот за октомври

А1он

Поради зголемен прилив на ДДВ-04 пријави, системот Е-даноци работи забавено

УЈП очекува детали од Министерството за финансии за најавеното намалување на даноци

Констатирани неправилности кај шест даночни обврзници во општина Виница