ММФ за 100 милиони долари го намали долгот на земјите зафатени со епидемијата од ебола

Од:

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) соопшти дека го завршил планот за околу 100 милиони долари да го намали долгот на трите африкански земји, кои се зафатени со епидемијата од ебола, пренесоа француските медиуми.

На почетокот на февруари ММФ го создаде механизмот за справување со катастрофи во државното здравство, што ќе му овозможува да прости приближно една петина од долгот кој треба да му го вратат Либерија, Сиера Леоне и Гвинеја.

Оваа финансиска институција соопшти дека го завршила овој план, одобрувајќи и на Гвинеја неповратно кредитирање од 29,8 милиони долари, што се додаваат на 29,1 милиони долари доделени на Сиера Леоне и 36,5 милиони доари на Либерија за олеснување на нивното должничко бреме.

Истовремено ММФ од 130 на 290 милиони долари ја зголеми вкупната сума на заеми со нула камати, доделени на овие земји во рамки на класичните програми за помош, што се обврзани со економски реформи.

ММФ неодамна беше критикуван од невладини организации и научници затоа што во 80-те и 90-те години од минатиот век во западна Африка наметнал строги мерки на ограничувања на државните пари, ослабувајќи ги на тој начин системите за државно здравство, создавајќи опасност од полесно ширење на епидемиите, како што е еболата, потсетуваат француските медиуми.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова на средба со претставници на Меѓународниот монетарен фонд

А1он

Украина доби 1,1 милијарда долари од ММФ

Димитриеска-Кочоска на средби во ММФ – Го стабилизираме управувањето со јавните финансии, фокусот е на дисциплинирано буџетско трошење, ефикасно прибирање на приходите и економски раст

ММФ: На глобалната економија и се закануваат високи долгови и низок проектиран раст

Гувернерката Ангеловска-Бежоска на Годишните средби на ММФ и Светска банка

ММФ: Војната во Украина продолжува да предизвикува загуби, ќе трае најмалку уште една година

Горан Наумовски