ММФ призна дека дозволил „ значителни грешки“ во спасувачкиот план за Грција

Од:

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) призна дека дозволил „значителни грешки“ во спасувачкиот план за Грција и изјави дека земјата поднела многу потешка рецесија отколку што било предвидено, соопштија американските медиуми.

Ова необично откритие ММФ го направи во изваштај за грчката криза, што вчера беше објавен.

Грција го загуби својот достап до кредитните пазари во 2010 година и доби спасувачки заем од 200 милијарди евра од земјите од еврозоната и ММФ во рамки на две програми.

Земјата, меѓутоа, остана во рецесија шестта година по ред, а невработеноста достигна 27 проценти.

Во извештајот се посочува дека ММФ и партнерите во спогодбата – Европската централна банка и Европската комисија, значително ја потцениле веројатноста дека мерките за штедење, како што беа оданочувањето на трошоците и зголемувањето на даноците, ќе ја продлабочат рецесијата.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 6,1 степен во близина на грчкиот остров Крит

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски