ММФ предлага продолжување на структурните реформи во Грција

Од:

Меѓународниот монетарен фонд денеска ќе го објави својот најнов извештај за состојбите во Грција, кој ќе ја содржи петтата оценка за спроведувањето на програмата за финансиска консолидација на земјата.

Како што јави Радио Атина, во Извештајот ММФ ќе препорача Грција да продолжи со структурните реформи, чие спроведување е услов за исплатата на финансиската помош од Фондот и ЕУ.

Првиот човек на Еврогрупата, Јерун Дејселблум вчера оцени дека грчката економија се развива добро, но дека долгот на државата е и натаму висок и оти можеби ќе биде потребен нов спасувачки пакет.

Оценката на Дејселблум дојде два дена, откако германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле изјави дека е можно Грција да побара нов спасувачки пакет од околу десет милијарди евра. На Грција досега и беше одобрена помош од 240 милијарди евра.

– Колку пари и се потребни на Грција и на какво ниво ќе биде новата финансиска помош ќе се реши по летото, изјави Дејселблум.

Тој додаде дека државниот долг на Грција е висок и доколку каматата за негово исплаќање на се намали, тогаш ќе биде потребна нова помош.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија

Македонско – грчките односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција

Полицијата упадна на Правниот факултет во Атина, уапси 28 лица