ММФ: Глобалниот банкарски сектор ќе остане под притисок до 2025 година

Од:

Глобалниот банкарски сектор ќе остане под притисок до 2025 година, дури и кога глобалната економија ќе почне да се опоравува од кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот, објави ММФ.

Во новиот „Извештај за глобалната финансиска стабилност“, ММФ проценува дека банките во деветте најразвиени економии ќе се измачуваат за генерирање профит во наредните пет години, затоа што пандемијата ќе влијае на пролонгирање на периодот на ниски каматни стапки, пренесува Си-ен-би-си.

Фондот верува дека економскиот пад поради Ковид-19 ќе г стави на „тест за отпорност на банките“ бидејќи тие се соочуваат со загуби од кредити и пониски маржи заради ниските каматни стапки.

„Основните притисоци врз профитабилноста веројатно ќе продолжат на среден и долг рок дури и кога глобалната економија ќе почне да се опоравува од сегашниот шок“, се вели во извештајот.

Банката „JPMorgan Chase“ забележа пад на профитот од 69 проценти во првиот квартал во однос на претходната година.

Банкарскиот индекс KBW, што ги следи цените на акциите на околу 20 банки во САД падна за 39 проценти од почетокот на годината.

Меѓутоа, ММФ во извештајот забележува дека банките се подобро подготвени за овој економски шок благодарение на заштитните слоеви на капиталот воспоставени по финансиската криза во 2008 година.

Едно од решенијата за надминување на проблемот со профитабилноста, креаторите на монетарната политика гледаат во фактот – банките да престанат да исплаќаат дивиденди и да ги купуваат своите акции за да заштедат капитал.

Би можело да ве интересира

Димитриеска-Кочоска на средби во ММФ – Го стабилизираме управувањето со јавните финансии, фокусот е на дисциплинирано буџетско трошење, ефикасно прибирање на приходите и економски раст

ММФ: На глобалната економија и се закануваат високи долгови и низок проектиран раст

Гувернерката Ангеловска-Бежоска на Годишните средби на ММФ и Светска банка

ММФ: Војната во Украина продолжува да предизвикува загуби, ќе трае најмалку уште една година

Горан Наумовски

„Во каса остана само банкнота од 100 долари“: Москва Тајмс тврди известува за недостиг на девизи во банките во Русијa

A1on

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА