ММФ: Евентуален банкрот на Грција ќе ги погоди и балканските земји

Од:

Евнтуалното влошување на ситуацијата во Грција ќе има последици за балканските држави, во чии банкарски системи грчките банки имаат значителен удел, предупреди заменикот директор на Европскиот департмент на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Јорг Декресин, во извештај за состојбата на економиите на земјите од Централна, Источна и Југоисточна Европа, пренесува грчкиот венсик „Имерисија“.

Јорг Декресин оценува дека Европската унија се наоѓа во многу поразлична ситуација, отколку пред четири години, што значително го ограничува ризикот од домино ефект на кризата.

Сепак, тој нагласува дека филијалите на грчките банки претставуваат 14-22 проценти од банкарскиот систем на економиите поврзани со Грција, како тие во Бугарија, Албанија, Македонија, Романија и Србија, што значи дека тие банки ќе имаат потреба од ликвидност ако ситуацијата во Грција се влоши. Голем ризик фактор крие и високиот број на нефункционални кредити во некои филијали на грчките банки, нагласува претставникот на ММФ.

Освен финансиско-економската поврзаност меѓу Грција и земјите од Југоисточна Европа има и трговски врски кои може да бидат погодени ако економската ситуација во Грција се влоши. Извозот на Грција во овие држави е значително намален во споредба со 2008 година, што е знак за целокупната слабост на грчката економија, истакна Јорг Декресин.

Би можело да ве интересира

Мицотакис ги моли граѓаните на Санторини да ги слушаат упатствата на Цивилната заштита

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Масовни демонстрации во Грција за железничката несреќа кај Темпи – инциденти на крајот од протестите

А1он

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он

Силен земјотрес ја погоди Грција

Почина поранешниот премиер на Грција Костас Симитис