ММФ: Економијата стабилна, растот остварлив

Од:

Македонија е земја со стабилна економија и стабилни макроекономски перформанси во услови на тешки окружение. Предвидениот раст од два отсто е остварлив иако има ризици.

Ова е оценката на мисијата на Меѓународниот монетарен фонд која во изминатите две недели престојуваше во Македонија, а денеска на заедничка прес-конференција ја соопштија шефот на мисијата Ивана Влаткова Холар и вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

– Економијата во Македонија, како и растот се мошне добро позиционирани, рече Холар на прес-конференцијата на која го поздрави расчистувањето на заостанатите долгови на јавниот сектор кое почна во септември 2012 и заврши во февруари годинава.

Според неа, за натамошно зачувување на стабилната макроекономска средина среднорочните политики треба да бидат насочени кон поддршка на забрзување на растот.

Според вицепремиерот Ставрески, оценката на ММФ е охрабрувачка.

– Вкупната оценка е дека нашата позиција во однос на долгот и буџетскиот дефицит е адекватно во времето во кое работиме и дека Македонија има добри изгледи штом се стабилизираат условите во Европа да оствари заздравување на економскиот раст и да се врати на патеката на повисоки стапки на раст, рече Ставрески.

Би можело да ве интересира

Работниците од целиот свет ги побараа своите права за Први мај

Американската економија падна за прв пат по три години, Сенатот одби да ги поништи царините на Трамп

Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk

Предраг Петровиќ

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

Силен раст на Волстрит трет ден по ред

Горан Наумовски

Путин: Економската ситуација во светот станува сè покомплицирана