ММФ: Бугарија прва во ЕУ според сивата економија

Од:

Речиси 30 проценти изнесува сивата економија во Бугарија, покажува истражување на ММФ, според кое, официјална Софија е прва во ЕУ според овој показател.

Во истражувањето на ММФ со кое се опфатени 158 држави во светот, се наведува дека во Бугарија во 2017 година на сивата економија отпаѓале 29,6 отсто. По Бугарија се Турција со 27,2 отсто и Романија со 26,3 проценти.

Просечното ниво на сивиот сектор во Бугарија за периодот 1991-2015 година изнесувало 29,17 отсто. Романија, за тој десетгодишен период во просек сивата економија изнесувала 30,14 отсто, а на Малта 29,8 проценти. Надвор од ЕУ, слични вредности за сивата економија има и во Турција – 31,38 проценти и Брунеи – 29,76 отсто.

Најдобро рангирана европска држава во 2017 година е Швајцарија, каде на сивата економија отпаѓа едвај шест отсто, а потоа следуваат Австрија со 7,1 процент и Луксембург со 8,2 отсто.

Би можело да ве интересира

Софија е подготвена да потпише договор со Скопје за прекуграничен железнички тунел на Коридорот 8

Бугарската влада на Росен Желјазков го преживеа гласањето за недоверба

ВИДЕО: Повредените во бугарските болници се стабилни, ќе бидат потребни и пластични операции

Катерина Ѓуровски

Во Софија илјадници луѓе оддадоа почит на загинатите во Кочани

Состојбата на 14-те повредени кои се лекуваат во Бугарија и натаму е сериозна

Во Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина е ден на жалост поради трагедијата во Кочани

Катерина Ѓуровски