ММФ бара намалување на пензиите и платите во Србија за 10 отсто

Од:

Меѓунардониот монетарен фонд бара од Владата на Србија да ги намали средствата наменети за пензии и за плати на вработените во јавниот сектор за 10 проценти, објави во денешниот број белградскиот весник „Блиц“.

Извор во српската Влада за весникот вели дека ММФ не го интересира за колку ќе бидат намалени платите и пензиите, туку само бара смалување на вкупната маса на средствата предвидени за таа намена.

Весникот наведува и дека Фондот бара смалување на јавниот долг на Србија во следните три години, како и воведување на мерки на штедење, имајќи предвид дека во изминативе години Белград троши 15 до 20 отсто повеќе средства отколку што прибира.

ММФ не инсистира на ниту една конкретна мерка, но наведува дека не гледа начин за избегнување на криза со јавниот долг во следните три години, доколку државата продолжи да троши 11 отсто од вкупните буџетски средства за плати во државниот сектор и 14 проценти за пензии, наведува соговорникот на „Блиц“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежеше пред хотелот

Катерина Ѓуровски

Европскиот парламент ја усвои резолуцијата на Тонино Пицула за Србија

Дедо, син и внук, но и нивен пријател починаа во септичка јама во Србија

Горан Наумовски

Трагедија во Србија: Неколку лица починаа додека чистеле септичка јама

Горан Наумовски

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

ММФ прогнозира раст од 3,2 отсто на македонската економија

Горан Наумовски