Мисајловски: Сугаревски без срам изјавува дека владата на СДСМ не ветила изградба на 600 километри автопат

Од:

„Политиките на владата на Заев и СДСМ доживуваат фијаско. Ветувањата напишани во изборната и владината програма доживуваат крах.

Секој ден граѓаните се повеќе се уверуваат дека пред избори биле излажани од оваа гарнитура на власт која патолошки лаже. Проблемот да биде поголем тие сега ја потценуваат интелегенцијата на граѓаните и нивното паметење, па повторно лажат дека тоа што го ветувале, не го ветиле“, вели Владо Мисајловски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

„Министерот за транспорт и врски, Сугаревски без срам пред неколку дена изјавува дека тие не ветиле дека ќе изградат 600 километри автопат, а тоа им беше еден од најважните ветувања во изборите.

Заев во 2016 година вели дека со планот за живот испланирале 600 километри автопат. Тоа го ставиле на хартија како партиска програма, па го преточиле како програма на владата, која Сугаревски потоа ја читаше, а сега соочени со својата неспособност и незнаење да излезат и да ја убедуваат јавноста дека таква работа никогаш не е ветена.

Очигледно највисок дострел за оваа власт во сферата на инфраструктурата ќе биде да се организира чочек.

Не би не зачудило ако наскоро сите министри во Владата, предводени од Заев не почнат да ја убедуваат јавноста дека не ветиле ниту 500 евра просечна плата, 100 илјади денари плата за докторите, нови работни места, помали долгови, 15% поврат на ДДВ во висина од 500 евра за секое семејство годишно, чист воздух и чиста вода и слично

Ова е резултат на цунамито кое го предизвикаа, па сега сами мораат да се демантираат, за жал.

Тоа е почетокот на нивниот крај. Македонија заслужува подобро и ќе добие подобра Влада. Тоа ние го ветуваме и набргу ќе се оствари“, изјави Владо Мисајловски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ одржал партиски состанок во училиште во Струмица, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Манасиевски: Ако Филипче има златна виза од друга држава, тогаш како може да вели дека тој е иднината

Веќе нема да требаат ни сертификати за странски јазик директори, ВМРО-ДПМНЕ менува закони по мерка на нивните неспособни членови, обвинува Левица

Манасиевски: Фирма за тендери – Стентон Градба во време на СДС 90% од приходите ги имала од јавни набавки

Прашање на време е кога ќе им се распадне, Филипче за владината коалиција

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Нови ценовни шокови за граѓаните, власта нема решение