Минстрој нуди решение за „Фени“

Од:

Имаме конкретен план за третман на актуелната состојба со „Фени“ и реален план за исплата на обврските, завршување на стечајот и реализација на долгорочна инвестиција во Комбинатот, тврдат од бугарската компанија „Минстрој Холдинг“ АД.

– По неколкумесечната работа и анализа на состојбите во Комбинатот, кои вклучуваат согледување на материјално-финансиската состојба, производно-техничките услови, доверителите и пред се, статусот на вработените, „Минстрој Холдинг“ А.Д. изготви соодветна програма која нуди целосно и долгорочно решение за Комбинатот, во целост, истовремено решавајќи локален економски проблем во Градот Кавадарци, велат од „Минстрој Холдинг“.

Нудиме, додаваат, целосна исплата на обврските кон сите доверители на „Фени“ утврдени со стечајната постапка, затворање на стечајната постапка и ставање на Комбинатот во нормален деловен режим, структурирање менаџерски тим кој заедно со висококвалификуваните и искусни работници на „Фени“ ќе работат на развој на Комбинатот, обезбедување висококвалитетна руда како основна суровина за непречена работа на печките, двегодишен инвестициски план во висина од 30 милиони евра за санација на двете електро печки и придружната опрема, како и можност за рестартирање на рудникот во Ржново и отворање нови работни места .

„Минстрој Холдинг” А.Д. е компанија формирана во 1952 година со околу 4.500 вработени, чија основна дејност е експлоатација на олово-цинкова руда. Во сопственост на компанијата се седум рудници во Бугарија и два во Македонија. Една од главните дејности на компанијата е производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија – сонце и вода.

Би можело да ве интересира

Основен суд Кавадарци: Одбиени предлози за укинување одлуки за продажба на имот на поранешно „Фени”

Левица: ФЕНИ ќе почне со работа на штета на вработените , бараме национализација

Предраг Петровиќ

Турски ,,Јилдирим” го купи поранешно ,,Фени” од Кавадарци, работниците сукцесивно треба да се враќаат на работа

Предраг Петровиќ

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

A1on

Комерцијална банка го презеде поранешен Фени за 37,9 милиони евра

A1on

Кавадаречките политичари ги поддржаа работниците: Нема да се дозволи да се изгасне печката во Фени

А1он