Директорот на АД ЕЛЕМ Драган Миноски смета дека влегувањето на компанијата на пазарот на снабдување со електрична енергија е нов предизвик и очекува дека ќе понудат прифаливи улсови за сите и дека професионално ќе ги исполнат обврските.
-Целта на нашата компанија е да изградиме модерна компанија што ќе биде столб на економијата и енергетиката во РМ. За да го направиме тоа треба да ги подигнеме нашите производствени капацитети, нормално со изградба на нови што се со трендот во ЕУ и на запад, а тоа е транзиција кон обновливи извори на енергија, меѓутоа и навлегување се поголемо со либерализација на пазарот на електрична енергија во делот на снабдувањето и тргувањето со енергија, изјави директорот Миноски одговорајќи на новинарски прашања по потпишување на договорот за втората фаза од ветерниот парк Богданци.
Тој додаде дека новиот закон за енергетика овозможува ЕЛЕМ како компанија да учествува во делот на снабдување со електрична енергија и оти тоа за нив е нов предизвик.
– Учествувавме на тендерот и се надеваме дека на крај ќе понудиме услови што ќе бидат прифатливи за сите и дека ќе успееме да бидеме во делот на снабдувањето со електричан енергија, истакна Миноски.
За тоа дали смета дека ќе бидат конкурентни, рече дека целта е да влезат на пазарот на снабдување со електрична енергија. – Искуството секако го немаме како што го има конкурентот во слујчајот ЕВН Македонија, бидејќи долги години се занимава и ја врши таа дејност, меѓутоа сепак ќе се потрудиме професионалнао да ги исполниме обврските, рече Миноски.
ЕЛЕМ преку својата фирма ЕЛЕМ Трејд ДООЕЛ достави понуда на јавниот повик за избор на Универзален снабдувач на кој понуди доставија освен нивната фирма и ЕВН Македонија.
Понудите беа отворени вчера и следува фаза на евалуација на понудите, односно проценка на нивната економско-финансиска и техничката способност. По завршување на евалуацијата што максимално може да трае 86 дена, доколку компаниите ги исполнуваат условите, ќе бидат поканети да учествуваат на електронска аукција, по принцип на негативно наддавање на понудената маржа, а почетна маржа ќе биде пониско понудената маржа од двете понуди.
Понудувачот што на електронската аукција ќе понуди најниска маржа ќе биде избран за најповолен и ќе биде поканет да го потпише договорот за Универзален снабдувач со електрична енергија.